Претпријатието "АГРОКУМАНОВО" А.Д. е основано во 1967 година, како деловна единица на Р.О. "АГРООПРЕМА" Белград. Од 1979 се осамосталува како посебно правно лице, а од 199т4 се трансформира во Акционерско Друштво во приватна сопственост со 100% акционерски капитал од страна на вработените.
Друштвото е лоцирано во Индустриска зона на Куманово, 2 км од автопатот Љубљана-Атина и 1,5км од жележничка станица.
Основни средства со кои располага друштвото се:
- Управна зграда 1,500 м2
- Два затворени магацина од 2,200 м2
- Отворен магацински простор од 10.000 м2
- Царински терминал од 25.000 м2
- Супермаркет и продавница од 1.000 м2
- Представништво во Скопје
- Сопствена бензиска пумпа
Организациона поставеност на друштвото е: Сектор трговија со три деловници за големопродажба и една малопродажба, деловница за шпедиција, сектор за општи и правни работи, сектор за финансии со службите за финансии и книговодство.
Органи на управување на друштвото се: Управен одбор од 7 членови и надзорен одбор од 3 членови. Претседател на управен одбор и Генерален Директор е Михајил Салтировски.
Број на вработени е 90.
|